Најава
Најнови производи
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Некатегоризирани
- Посети: 2334
Сакате да си порачате цвеќе? Со нашиот систем е многу едноставно.
Прво регистрирајте се на нашиот веб сајт. Притиснете на копчето зачленување на корисник.
Потоа внесете ги вашите податоци во формата за зачленување и притиснете зачлени.
Ќе Ви се појави следната порака:
ВНИМАВАЈТЕ... Пораката на емаил може да ја добиете во Spam папката. Доколку не ја добиете во Inbox проверете во Spam фолдерот.
Откако администраторот ќе ја одобри вашата сметка (најдоцна 5 часа од вашата верификација) ќе можете да порачувате цвеќе на следниот начин:
1. Одберете си цвеќе од нашата понуда и притиснете на копчето ВО КОШНИЧКА.
Има опција да си одберете број на цвеќиња за во кошничката.
2. Потоа кликнете Продолжи за нарачка и ќе бидете пренасочени во Вашата кошничка.
3. Во кошничката прво треба да ги внесете Вашите лични податоци и адресата каде што сакате да Ви го доставиме цвеќето.
4. Начинот на испорака е исклучиво по карго кое што е фиксна цена до врата 130 денари. Начинот на плаќање е при достава. Доколку сте заинтересирани за плаќање по сметка, откако ќе ја направите нарачката Ве молиме контактирајте не на 076 819 994.
Потоа ги гледате производите што ги имате нарачано, со цената на поединечната и вкупната цена на производите и цената на сите производи заедно со доставата.
Кликнете на КРАЈ
5. Вашата порачка е завршена кога ќе ја добиете оваа порака:
Вашата порачка е завршена.
Сумата од 0000,00 MKD ќе ја платите при преземање на вашата нарачка (број на нарачка)
Можете да пристапите до вашата порачка овде
Ви благодариме за купувањето кај нас.
- Детали
- Посети: 868
Доколку сакате просторот околу Вас да биде пријатен... за Вас, Вашите вработени и за Вашите клиенти и доколку сакате да го освежите и просторот околу Вас, контактирајте нè и ние ќе се погрижиме постојано да имате свежо цвеќе во вашата канцеларија, на вашата рецепција, ресторан или кафуле.
Нема да има потреба да се грижите за тоа кое цвеќе каде е поубаво да стои, а сепак да има ја има потребната светлина. Затоа контактирајте нè и препуштете ни ја таа обврска нам. Со радост и задоволство ќе го распоредиме секое цвеќе или пак саксиско растение кое Ви го разубавува секојдневието.
Доколку сакате да искажете благодарност и почит кон Вашите деловни соработници за довербата која ја имаат во Вас или пак едноставно сакате да ги израдувате за нивниот роденден најдобар начин да го сторите тоа е да им испратите букет или саксиско цвеќе и да ја искусите радоста на подрувањето.Побарајте нè и бидете сигурни дека го имате најдоброто решение кое вистински Ве претставува Вас и Вашиот бизнис, а тоа значи најдоброто цвеќе подготвено од тимот на Tiara Flower.
Контактирајте не и ние ќе Ве посетиме и ќе поразговараме за Вашите цветн потребите и потребите на Вашиот бизнис.
Затоа контактирајте нè и ние ќе Ве посетиме да поразговараме за Вашите потреби и да можете да нарачувате онлајн или преку телефон.
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Некатегоризирани
- Посети: 1437
Почитувани клиенти,
Јaс сум Сузана, цвеќар по љубов, а економист по струка.
Нашата цвеќара постои од многу одамна, од далечната 1999 година кога што за прв пат видов љубов во цвеќињата. Мојата работа се состоеше од документи, книжење и други сметководствени работи. Тогаш се решив да работам нешто сосем поинакво од дотогашната работа. Ми беше битно да го сакам тоа што го работам.
Започнавме со украсување за свадби и свечености. Тоа едноставно ме исполнуваше. Кога украсувавме ( претежно со вештачко цвеќе) забележав колку прекрасни цвеќиња има, и се прашував дали ги има во природата истите цвеќиња толку прекрасни.
Така започнавме со продажба и на саксиско цвеќе и режано цвеќе.
Што сакав да Ви кажам е дека љубовта што ја имаме кон цвеќињата сакаме да ја пренасочиме кон Вас и да предизвикаме насмевка со изненадување. Тоа се прави едниствено со еден лесен брз и едноставен начин, а тоа е испорака на цвеќе низ целата држава. Секоја недела добиваме ново свежо саксиско цвеќе кое што може да го разубави вашиот дом или вашата градина.
Нашата брза и сигурна достава до сега има усреќено голем број на клиенти. Токму таа, љубовта, квалитетната услуга и одличната меѓусебна комуникација се нашите водечки вредности.
Од љубовта кон цвеќето се родија и следните услуги:
- Одгледување цвеќиња
- Разубавување на летните тераси на ресторани и кафулиња
- Цветни дизајни за настани
- Неделна испорака на свежо цвеќе до секој дом или компанија
- Испорака на цвеќе како подарок, изненадување
Ви благодарам што сте дел од нашата приказна. За сè што сакате да споделите со нас, било да се нови идеи, барање за цвеќе или други производи, пофалби и жалби пишете ни на следниот имејл
Поздрав и останете насмеани!
Сузана