Почитувани клиенти,
Јaс сум Сузана, цвеќар по љубов, а економист по струка.
Нашата цвеќара постои од многу одамна, од далечната 1999 година кога што за прв пат видов љубов во цвеќињата. Мојата работа се состоеше од документи, книжење и други сметководствени работи. Тогаш се решив да работам нешто сосем поинакво од дотогашната работа. Ми беше битно да го сакам тоа што го работам.
Започнавме со украсување за свадби и свечености. Тоа едноставно ме исполнуваше. Кога украсувавме ( претежно со вештачко цвеќе) забележав колку прекрасни цвеќиња има, и се прашував дали ги има во природата истите цвеќиња толку прекрасни.
Така започнавме со продажба и на саксиско цвеќе и режано цвеќе.
Што сакав да Ви кажам е дека љубовта што ја имаме кон цвеќињата сакаме да ја пренасочиме кон Вас и да предизвикаме насмевка со изненадување. Тоа се прави едниствено со еден лесен брз и едноставен начин, а тоа е испорака на цвеќе низ целата држава. Секоја недела добиваме ново свежо саксиско цвеќе кое што може да го разубави вашиот дом или вашата градина.
Нашата брза и сигурна достава до сега има усреќено голем број на клиенти. Токму таа, љубовта, квалитетната услуга и одличната меѓусебна комуникација се нашите водечки вредности.
Од љубовта кон цвеќето се родија и следните услуги:
- Одгледување цвеќиња
- Разубавување на летните тераси на ресторани и кафулиња
- Цветни дизајни за настани
- Неделна испорака на свежо цвеќе до секој дом или компанија
- Испорака на цвеќе како подарок, изненадување
Ви благодарам што сте дел од нашата приказна. За сè што сакате да споделите со нас, било да се нови идеи, барање за цвеќе или други производи, пофалби и жалби пишете ни на следниот имејл
Поздрав и останете насмеани!
Сузана