default_mobilelogo

Антуриумот или уште познат како фламинго цвеќе или обоен јазик, претставува декоративно тропско растение кое води потекло од топлите краеви на Централна Америка. Се карактеризира со темнозелени, тврди, кожести, длабоко зарежани листови и прекрасни, восочни, срцевидни цветови. Цветовите може да бидат бели, црвени или розови. Цвета секоја година, најчесто од февруари до јули.

 

hortikultura.mk anthurium 2

 

hortikultura.mk anthurium 3

На антуриумот најмногу му годи место на делумно засенчен прозорец бидејќи директните сончеви зраци му штетат. Температурата во просторијата не смее да биде пониска од 15°C.

Ова не е растение кое е едноставно за одгледување. Залевајте го само со мека, млака вода (најдобро дождовница, но ако ја немате тогаш со превриена вода), но не премногу. Бидејќи му е потребна многу влага, најдобро е да ставите каменчиња во подлошката на саксијата, а во неа секогаш да има вода која ќе испарува. Во зима кога е во просторија која се загрева, и во лето, потребно е да го оросувате секојдневно.

hortikultura.mk anthurium 4

Антуриумот се размножува со делење на коренот, или пак со садење на младите растенија кои израснуваат од коренот. Повеќе му одговараат плитки, но широки саксии, и задолжително овозможете му добра дренажа. Најмногу му одговара земја која е растресита, тресет со малку песок. Пресадувајте го секоја втора или трета година во мешавина од подеднакви делови на добра шумска земја и многу иситнета шумска мов во која има додадено ситни делови од дрвен јаглен. Во лето, додека цвета, прихранувајте го на секои 14 дена.

Кај луѓето ова цвеќе симболизира гостопримливост.

hortikultura.mk anthurium 5

hortikultura.mk anthurium 6