default_mobilelogo

 

Anturium1

Правилно избраното собно цвеќе можи да ја оплемени енергијата во Вашиот дом, да донесе мир, хармонија и среќа.

Се верува дека цвеќето расти добро во домот кој што е полн со љубов. Има вистина во тоа, бидејќи докажано е дека измеѓу цвеќето и човекот постои размена на енергијата.Личноста која внимателно го негува цвеќето, зборувајќи му и пазејќи го, од него за возврат ќе бидат наградени со добра енергија.

Како се пренесува енергијата

Познато е дека секое живо суштество содржи енергетскa обвивка - аура, преку која можеме да комуницираме и со цвеќињата, па така цвеќето осцилира одредени вибрации кои влијаат на нас. Секоја билка во нашата близина нуди цела низа на енергетски обрзачи, кои можат да ни донесат бројни придобивки. Секако, треба да се внимава на тоа кое цвеќе е пожелно да се чува во домот, градината или канцеларијата бидејќи секоја врста има специфична енергија.

Кактусот е магична билја која го потиснува бесот, па ако во куќата долго време постои напната ситуација, неколку саксии со какутси ќе завршат работа.

Доколку сакате да започнете работа или да го поттикните развојот на кариерата, тогаш на работното место треба да чувате кала.

Цеќето може да послужи и како показател на егергетската сигуација во домот. Ако во куќата владее добрата и позитивна енергија, цвеќето ќе цвета и ќе биде здраво.
Кога одете кај некого во посета, по цвеќињата можете да заклучите каква атмосфера владее во просторот.

Опасни цвеќиња

Кога станува збор за собното цвеќе, треба да обрнете внимание во куќата да не внесете "Цвеќе - вампир" - она кое ја црпи позитивната енергија од домаќините.

Бршлен - се верува дека тој ја црпи животната енергија од личноста, така да не е добро да се наоѓа во куќа или канцеларија бидејќи може да донесе болест. Од друга страна треба да се одгледува во градината или на оградата - во тој случај делува заштитнички бидејќи не дозволува негативната енергија да влезе во домот.

Врба - исто така не треба да се чува дома, бидејќи се верува дека ја зема енергијата на мажите и ги прави беспомошни и болни.

Филадендрон - се смета како многу моќен "енергетски вампир". Во ниту еден случај ова цвеќе не треба да го чувате во спалната соба, како ни во куќата каде што има мали деца и постари луѓе. Филадендронот е најдобро да се чува во двор или во зимска градина.

Дифенбахија - исто така се смета за опасен "енергетски вампир". Во ниту еден случај не треба да ја чувате во мал простор. Меѓутоа, дозволено е да се чува во големи салони, фирми или банки, каде секојдневно поминуваат голем број на луѓе. Во тој случај дифенбахијата го чисти просторот од разните енергии кои посетителите ги оставиле зад нив.

Папрат - иако изгледа многу декоративно, не се препорачува во куќа туку само во градина.

Зелени среќоносци

Како што постојат "забранети" билки за домот бидејќи можат да и наштетат на фамилијата, така постојат и оние "добри", кои оплеменуваат со својата енергија.

Спатифилум - го викаат и "цветот на љубовта" или "женска среќа", па се препорачува во секој дом, а особено во спалната соба. Тоа цвеќе исто така ја апсорбира и негатигната електрична енергија, така што треба да се чува во близина на телевизорот или компјутерот.

Антуриум - волшебен цвет кој секојдневно го украсува вашиот дом, бидејќи привлекува позитивни луѓе, носи љубов и пријателство. Инаку, антуриумот треба да се држи до спатифилумот за да донеси среќа на заљубените парови.

Хибискус - паметната жена обавезно го чува во домот, затоа што таа билка е под заштита на Венера - божицата на љубовта.

Лаванда - смирува, опушта, чисти лоша енергија од дома. 

Орхидеја - преубаво цвеќе кое носи љубов, буди страст, елиминира лоша енергија, носи хармонија во домот. Ако во домот живее тешко болна личност, во просторијата каде престојува треба да стои црвена орхидеја бидејќи потикнува исцеление. Личноста која копнее за љубов треба да чува розова орхидеја покрај креветот. Оние кои бараат инспирација, треба на работното место да чуваат жолта орхидеја.

Бели лилијани - цвеќе кое што е под заштита на нежната енергија од месечината. Се верува дека овој природен земјен сателит и дарува на жената волшебни моќи. Затоа лилијаните треба да се имаат во предвид за да можи секојдневно да ја упиваме месечевата енергија.

Цитруси - портокалите и лимоните треба да се чуваат во кујна или трпезарија бидејќи ја чисти енергијата и го подобрува апетитот.

Љубичица - исклучнително позитивна билка која влијае на човекот во зависност од бојата на цветот. Така, на пример, црвената го зајакнува човекот, лилјаковата ја стимулира, плавата носи креативност, розовата ја подобрува љубовта, а белата ја елиминира лошата енергија. Љубичицата може да се држи во секојдневната просторија во куќата,

Драцена - или Змејова крв ја осеќа енергијата во куќата. Штом е некој болен таа влијае на неговото здравје. Ова цвеќе го чисти домот од негативна енергија и донесува просперитет. 

Фикус - една од најпопуларни куќни цвеќиња бидејќи носи позитивна енергија, чува мир во куќата и носи благосостојба. 

Красула - или дрвото на парите треба да се чува во канцеларија бидејќи ја подобрува финансиската ситуација. Спрема правилата на фенг шуи, треба да се чува во горниот лев агол дома или во канцеларија. Засадете го ова прекрасно цвеќе во прекрасна саксија, поставете го на осветлено место и бидете грижливи за неа, а таа за возврат ќе ви донесе парично изобилство. 

Поклон

Кога поклонувате цвеќе, имајте на ум дека тоа ја пренесува вашата енергија. Ако го дадете цвеќето со внимание и љубов, цвеќето ќе ја пренеси на оној за кого е наменета.