Есента е идеално време да ги размножете декоратвните грмушки и дрвја и тоа со зрели резници. Првата работа што треба да ја направите е подготовка на посадочниот материјал
, т.е одбирање на дебели здрави резници. Потоа исечете ги резниците со должина од 2-30 сантиметри. Соберете ги во снопчиња, ставете им етикети за да знаете за кои дрвца или грмушки станува збор и резниците ставете ги во сандак.
Посипете ги со влажен песок и ставете ги на темно место каде температурата се движи од 0 до 10°С. Кон крајот на февруари, резниците треба да се извадат и да се засадат во топли оранжерии. Забодете ги во земја до две третини од должината.
Резниците може да ги посадите и во саксии, но, важно е да бидат засадени во богата со хумус почва измешана со песок. Стимулирајте го вкоренувањето. Постојано одржувајте ја почвата влажна за да можат резниците да се вкоренат, а пупките да се развијат.