Најава
Најнови производи
Каланхое - Цветна убавина
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 9872

Каланхоето е вистинското растение за сите оние љубители на цвеќиња кои немаат знаење за одгледување на растенија, и кои велат дека тоа не им оди од рака. Идеална е за сите заборавени и презафатени кои забораваат на растенијата во својот дом, бидејќи ако ја оставите жедна некој ден, таа сигурно нема да ви замери.
Сансеверија | Индијанско перо
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 9349
Сансеверијата или често нарекувана и индијанско перо (лат. Sansevieria) е многу отпорно декоративно собно растение. Води потекло од тропските делови на Јужна Африка. Идеална е за одгледување кај луѓе кои имаат премногу работни обврски, бидејќи не бара премногу нега. Најмногу е присутна во деловни простории и канцеларии.
Хлорофитум │ Најголемиот прочистувач на воздухот во домот
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 5945
Идеален е за одгледување во ентериери – дневна соба или канцеларија.
Хлорофитумот (лат. Chlorophytum) или уште познат како зелен лилјан припаѓа на фам. Liliaceae. Потекнува од Јужна Африка. Името го добил поради зелената боја на убавите трајни листови. Родот го сочинуваат повеќе од 200 видови растенија. Особено е популарна „шарената“ сорта Variegatum, кај која на листовите има една или две жолтеникаво бели пруги распоредени по нивната должина.
Антуриум | Синоним за гостопримливост
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 5363
Антуриумот или уште познат како фламинго цвеќе или обоен јазик, претставува декоративно тропско растение кое води потекло од топлите краеви на Централна Америка. Се карактеризира со темнозелени, тврди, кожести, длабоко зарежани листови и прекрасни, восочни, срцевидни цветови. Цветовите може да бидат бели, црвени или розови. Цвета секоја година, најчесто од февруари до јули.
Интригантни саксии на германското студио - NEBL
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 4446
Пробивањето во секој аспект од нашите животи на некој начин исто така може да ја објасни зголемената популарност на домашните растенија овие денови. Толку сме опседнати со сите екрани околу нас, паметни уреди и паметни домови,што понекогаш посакуваме за старите добри времиња. Внесувајќи ја природата во нашиот дом, како да создаваме противтежа на сите дигитални работи што ги поседуваме.


