На прво место меѓу растенијата со зелени листови е токму растението Ficus. Сега постојат и нови форми на растенија кои се декоративни и лесни за одржување, затоа го препорачуваме фикус растението како дел од декоративната колекција на растенија.
Најраспространето растение од родот Ficus во нашите домови е Ficus elasticа. Дури и да немате во домот Ficus elastica сигурно сте го сретнале кај вашите пријатели. Овој вид на фикус, познат уште и како каучуков фикус, нема некои посебни барања за одгледување, доволно е да му ги обезбедите неопходните услови за живот и тој ќе опстои долги години. Карактеристични за него се крупните „кожни“ темнозелени листови. Ако правилно го одгледувате, со текот на годините ќе го зголеми својот обем, затоа треба да предвидите дополнителен простор.
Како идеален предлог за зелена декорација во домашни услови е растението од видот на Ficus longifolia. Станува збор за интересен вид на растение чии листови најчесто потсетуваат на ловоров лист. Фикусот расте прилично брзо и потребно му е доволно простор, бидејќи може да достигне и до височина од 2-4 метри.
Ficus benjamina е исто така вид на растение од семејството Фикус со потекло од Индија и Малезија. Најчесто расте во широчина и како грмушка или мало дрво со свиткани и паднати гранки. Ова растение може да се одгледува во услови на светлина и со умерена температура. Во зимски услови потребно е да се полева со вода еднаш седмично, додека пак во летниот период и до два пати, но не дозволувајте да го прелиете со премногу вода бидејќи во тој случај ќе мора да ја истурите вишокот на вода. Потребно е да се превземаат и неколку градинарски потфати односно да се чисти од исушени лисја и да се овозможи постојано обновување бидејќи станува збор за растение кое има долг век.
Ficus lyrata е свое дело на природата, чии листови се изразено зелени со жолти лисни жили во вид на виолина кои со оглед на таквата структура привлекуваат внимание. Овој вид на растение растат во висина од 2,5 метри.
Со оглед на тоа што сите видови од семејството на Фикус имаат големи, мазни и сјајни листови мора редовно да се отстранува прашината од самите листови. Се препорачува да се чистат со влажна крпа. При наводнувањето мора да се има во предвид дека ова растение може да опстои само во почва која не е премногу влажна.
Во периодот од март до август во тековната година, растението мора да се нахрани со ѓубриво секоја седмица. Во месец септември веќе настапува период на мирување. Најчесто се препорачува да се користи течно ѓубриво, односно концентрат за растенија кое се раствора во 10 литри вода.
Доколку сакате да го збогатите домот со зелена декорација Ви препорачуваме да одгледувате вакво растение, но земајќи ги во предвид наведените совети.