default_mobilelogo

Не постои место во нашиот дом кое не може да се претвори во зелена оаза…

Дури и кога нема доволно светлина, постојат одредени видови на растенија кои добро успеваат и во слабо осветлени простории и истовремено даваат природен амбиент.

Ви претставуваме неколку растенија кои можат да послужат како идеален додаток на вашите слабо осветлени површини.

Филадендрон
Филадендронот спаѓа во групата на ползавци и вид кој добро расте и се развива во услови на слабо осветлување. Ова растение е идеален украс на полиците од вашиот дом или канцеларија, а можете да ја поставете и во висечка корпа или саксија.

hortikultura.mk philodendron 768x528

Сансеверија
Кај нас е позната како свекрвин јазик и спаѓа во групата на сукуленти со доста занимлив облик. Ова собно растение е доста отпорно, многу лесно за одржување и успева дури и во услови на тешко занемарување. Има интересен изглед, успева на слабо осветлени и светли места. Постои ниска и висока сансеверија и истите можат да бидат прекрасен декор на вашиот дом или канцеларија.

hortikultura.mk sanseverija 1

hortikultura.mk sanseverija 2 768x576

hortikultura.mk sanseverija 3 768x483

hortikultura.mk sanseverija 4

Ѓаволски бршлен
Ѓаволскиот бршлен поседува листови налик на филадендрон. Може да се одгледува во декоративни и висечки саксии. Овој вид на растение успева во темни простории, меѓутоа ако има поголема светлина во просторијата тогаш ќе добие поголема живост и разнобојни листови.

hortikultura.mk gjavolski brslen 1

hortikultura.mk gjavolski brslen 2

Афричка палма (Замиокулкас- Замија)
Ова растение е сукулент познато под името афричка палма. Многу е лесна за одржување, одлично расте и во најтешките услови. Нејзините листови се меснати, а стеблото доста издржливо. Се карактеризира со многу спор раст, така да најдобро е да си набавите зрело возрасно растение.

hortikultura.mk zamioculcas 1 768x927

hortikultura.mk zamioculcas 2 716x1024

hortikultura.mk zamioculcas 3

Сингониум
Стреличастата лоза е издржлив ползавец, поседува лисја во форма на стрела. Постојат различни видови од оваа фамилија на растенија. Препорачливо е да се одгледува во класична саксија или како ползавец.

hortikultura.mk singonium 1

hortikultura.mk singonium 2