Мадагаскарскиот јасмин (лат. Stephanotis floribunda) е карактеристично растение со зелени дебели лисја и бели цветови. Погодно е да се одгледува во стаклени оранжерии, но во последните десет години се докажало дека може да се одгледува и во домашни услови во саксија и во дворот како ползечко растение кое ќе ги краси вашите ѕидови или перголи.
Не се препорачува да се одгледува во многу топли места бидејќи нема да може да цвета, па затоа како идеална температура се препорачува од 15-18°С. Долгите и тенки миризливи цвеќиња треба да бидат прикачени на дрвена потпора или жица така да при самиот раст да не дојде до искривување на самото стебло.
Овој вид на мадагаскарски јасмин треба да се заштити од сонце и да му се обезбеди доволна влажност. Со залевање треба да бидете претпазливи, особено кога растението е сместено на соодветно поладно место. Размножување на растението со резници ретко успева бидејќи е потребна температура од 25°С.