default_mobilelogo

Замијата (лат. Zamioculcas zamiifolia) е растение од групата на сукуленти, меѓутоа се одгледува и како собно растение. Води потекло од Африка. Се работи за растение кое достигнува височина од еден метар и кое создава повеќе фиданки во вид на стебленца на кои се наоѓаат парови сјајни, мазни и цврсти зелени листови. Заради своите декоративни листови, најмногу се користи за хортикултурно уредување на ентериери.

 

hortikultura.mk zamioculcas zamia 2 768x513

Цвета во периодот од средина на летото до рана есен со необичен цвет (малку наликува на кала) кој се јавува при дното на стеблата.
Важно е да се напомене дека замија може да предизвика труење ако се голтне некој дел од растението или ако се допира после тоа треба добро да се измијат рацете.
Не бара посебна смеса на земја како што е случај кај останатите сукуленти, но е најдобро да се користи земја каква што се употребува за кактусите и сукулентите – добро дренирана. Успева во супстрат со повеќе хумус.

Во текот на летото може да се чува на отворено, добро заштитена од директно сонце, меѓутоа може цело време да се чува и на затворено. По настапувањето на ладните периоди, растението треба да се внесе во топла просторија. На ова растение повеќе му годи помалку светлина, отколку повеќе. Најпогодно е кога местото е светло, но благо засенето, а никако на директно сонце. Доколку е на посветло место, листовите ја губат својата темно зелена боја, но тоа не пречи на развојот на растението. Минимална температура која ова растение ја поднесува е 15°C, а најубаво напредува на температури од 18°- 24°C.

Никако не смееме премногу да ја полеваме, бидејќи од вишокот вода нејзиниот ризом лесно скапува и листовите пожолтуваат. Во тој случај треба да се прекине со полевање барем на еден месец и да се отстранат жолтите листови. Да кажеме дека на собна температура доволно е да има едно обилно полевање еднаш во месецот.
Замијата најдобро се размножува со раздвојување на стеблата, при што одвоениот дел малку се засушува за да при полевањето не би скапал и посебно се засадува.
Исто така се размножува и од листови, така што листот се става во влажен супстрат и се одржува влажен, бидејќи листот брзо се исушува, а во земјата ќе се зачне мал ризом од кој ќе потера ново растение.