Најава
Најнови производи
Бенџамин | Најпознатото собно тропско растение
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 4768
Бенџаминот (лат.Ficus benjamina) или уште познат под името расплакана смоква е омилено собно растение кое води потекло од тропските предели на Азија – Индија и Малезија. Со малку нега може да прерасне во прекрасно тропско дрво или во поголема грмушка во домот. Од него можете да создадете (додека е младо) свое бонсаи дрво во кое ќе уживате. Бенџаминот е најпознат вид од родот на фикуси.
Сансеверија | Индијанско перо
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 6762
Сансеверијата или често нарекувана и индијанско перо (лат. Sansevieria) е многу отпорно декоративно собно растение. Води потекло од тропските делови на Јужна Африка. Идеална е за одгледување кај луѓе кои имаат премногу работни обврски, бидејќи не бара премногу нега. Најмногу е присутна во деловни простории и канцеларии.
6 совети за нега и одржување на Божиќната ѕвезда
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 7195
Божиќното Цвеќе Euphorbia pulcherrima, или кај нас попозната како Божиќна Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом.
Божиќното Цвеќе е повеќегодишно растение кое покрај во црвена боја, можете да го најдете и во жолта, розева, бела и крем варијанта.
Хлорофитум │ Најголемиот прочистувач на воздухот во домот
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 3842
Идеален е за одгледување во ентериери – дневна соба или канцеларија.
Хлорофитумот (лат. Chlorophytum) или уште познат како зелен лилјан припаѓа на фам. Liliaceae. Потекнува од Јужна Африка. Името го добил поради зелената боја на убавите трајни листови. Родот го сочинуваат повеќе од 200 видови растенија. Особено е популарна „шарената“ сорта Variegatum, кај која на листовите има една или две жолтеникаво бели пруги распоредени по нивната должина.
Собни растенија - Моќни прочистувачи на воздухот
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 10419
Тие се природни прочистувачи на воздухот, поточно имаат моќ да ги отстранат високите концентрации на штетни материи - формалдехид од воздухот. Добриот квалитет на воздухот е многу важен бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории (дома, додека спиеме).